Достапни линкови

Според опозицијата одлуката е предизвикана од односот на власта, за власта пак одлуката е штетна


Одлуката на ПДП нејзините пратеници да не присуствуваат на работата на парламентот и најавата на ДУИ дека таква одлука ке донесе идниот викенд според Весна Бенедевска од Социјал демократскиот Сојуз е очекувана реакција предизвикана од односот на владеачкото мнозинство

„Не е добро за Република Македонија, за нејзините евро интеграции, парламентарни, опозициони партии да излегуваат од Собранието бидејќи се намалува и онака малиот демократски капацитет на Собранието.“

Од Либерално демократката партија пак со став дека бојкотирањето на парламентот не е добро решение затоа што тоа е место каде што треба да се решават проблемите. Сепак и без албанската опозиција на седниците пратеничката Роза Топузовкса Кареска вели дека не очекува блокада на работата:

„Не би се блокирала во буквален смисол на зборот работата на парламентот и покрај тоа што е пробелм Бадинтеровото мнозинство. Парламентарното мнозинство на вешт начин тоа го решава.“

Од друга страна претседателот на ПДП Абдулади Вејсели смета дека работата на парламентот веќе е блокирана?

„Парламентот е веќе блокиран. Има една криза. Имаше можност за решавање на проблемите, но сега можностите се помали. Ние бевме конструктивни како опозиција за да се обнови дијалогот, но немавме успех, затоа што секој си останува во својот ров,“

вели Вејсели и додава дека ке останат надвор од собраниските клупи се додека не започнел да се почитува Бадентеровиот принцип на гласање.
Со слична најава за бојкот на седниците и од опозицината ДУИ

„Секако дека нема смисла да се учествува во работата на еден парламент каде што не се почитува законот, Уставот и деловникот.“

Вели потпреседателот на партијата Рафиз Алити.

Спротивно од опозиционерите, Силвана Бонева од владеачката ВМРО ДПМНЕ вели дека воопшто не постои причина за напуштање на парламентот бидејки комитетот за односи мегу заедниците работел независно без никакво политичко влијание врз донесувањето на нивните одлуки

„Во изминатиот мандат имавме ваква одлука на ДПА, и видовме дека не се блокираше работата на Собранието. Но, подобро е и двете партии да бидат во Собранието, бидејќи придонесуваат за подобрување на законските текстови што ги нуди владата,“

објаснува Бонева.
XS
SM
MD
LG