Достапни линкови

Приведени пет лица од полициската станица на аеродромот Александар Велики


По приведувањето на пет лица од полициската станица на скопскиот аеродром поради криумчарење на мигранти судот не им изрече мерка притвор. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се покренати две кривични пријави поради основано сомнение дека злопуптребујаки ја службената положба сториле кривично дело криумчарење мигранти и уште три кривични пријави за помагање на сторител за извршување на кривично дело

„Имено, истите се задржани на 20-ти, значи завчера во 18:30 на граничниот премин на Аеродром Александар Велики, бидејќи на истиот премин им овозможиле излез од Република Македонија на шест лица од Косово, Република Србија кои биле со патни исправи од УНМИК и Република Србија, а кои поради фалсификувани документи биле вратени од Република Австрија,“

изјави Иво Котевски од МВР. Оттаму додаваат дека се сомневаат оти се вклучени уште лица но дека засега немаат доволно докази за покренување на кривични пријави, а стравуваат и од фактот што оние за кои се покренати пријави може подобро да се оргнаизираат бидејки се на слобода.

Досега велат упатените имало повеке вакви случаи, а како последни ги посочуваат Југ 1 во кој освен за шверц со мигранти стануваше збор и за луксузни автомобили и слично а го организираа 28 лица, и Југ 2 во кој стануваше збор исклучиво за шверц на мигранти, а го организираше 21 лице.

Експертите посочуваат дека позијата на македонија мегудругото ја овозможува оваа појава

„Република Македонија е крстосница на повеќе криминални мрежи. Во таквата состојба има придонес и порозноста на границите,“

изјави Златко Димовски од Полициската академија кој додадава

„Групите го менуваат модусот на дејствување, а македонската полиција презема адекватви мерки за спречување.“
XS
SM
MD
LG