Достапни линкови

Белград: Денеска парламентарни избори во Србија


Во Србија денеска се одржуваат седмите по ред парламентарни избори. Повеќе од шест милиони граѓани имаат право на глас, а изборите ги набљудуваат околу 160 меѓународни набљудувачи. Според анкетите на јавното мислење најголеми шанси за победа има Српската радикална партија на Воислав Шешељ, кој се наоѓа во затворот на Хашкиот суд во Шевенинген, каде му се суди за воени злосторства во Босна и Херцеговина, Хрватска и Војводина извршени во 90-години на минатиот век. Анкетите предвидуваат дека радикалите би требало да добијат околу 30 насто од гласовите, Демократската партија околу 25 насто, додека за т.н. народна коалиција, се очекува да гласаат околу 18 проценти од избирачите.
XS
SM
MD
LG