Достапни линкови

Анкара: Осум лица уапсени по убиството на Хрант Динк


Осум лица се досега уапсени за убиството на новинарот од ерменска националност Хрант Динк .Турција е под притисок на меѓународните организации за човекови права. Репортери без граници ги повикаа турските власти да фатат одговорните кои го убија Динк на улица во Истамбул, велејки дека тоа е значаен тест за турските напори за приклучување кон Европската Унија. Официјално мотивот за убиството на Динк не се знае. Тој неколку пати ги налути турските националисти и му беше судено од властите за коментарите за масовните убиства на ерменците од турците во раниот 20 век.
XS
SM
MD
LG