Достапни линкови

Поддршка за Македонија на патот кон ЕУ


Почнување на преговорите на Македонија со Европскаат унија е една од задачите на Словенија кога ке прететседава со Европската унија, во првата половина на 2008 година, изјави денеска во Скопје министерот за надворешни работи на Словеинија, Димитриј Рупел

„Словенија доживеа слични предизвици како Македонија сега, и се разбира ке ги пренесеме своите искуства. Премиерот Јанша во Стразбур веке ја најави можноста дека во периодот на словенечкото претседателство може да започнат преговорите мегу вашата земја и Унијата. Но, тоа не значи дека Македонија не треба да работи, туку дека пред вас претстои многу работа.“

рече Рупел

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски истакна дека поддршката од Словенија за Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и Европската унија е многу важна

„Словенечкото присуство во Македонија е израз на нашата богата билатерална соработка, којашто има уште повеќе потенцијал да се унапреди. Задоволни сме од ова наше партнерство коешто уште повеќе ќе го продлабочуваме,“

вели Милошоски.

На средбата е разговарано и за состојбата во регионот, претстојните избори во Србија, статусот на Косово. Милошоски пак истакна дека Македонија очекува во финалниот документ за Косово од Марти Ахтисари прашањето за границата во делот со покраината да се наведе дека е техничко и да бидат определени актерите, начинот и рокот за затворање на ова прашање. Денеска е потпишан и договор мегу Македонија и Словенија за мегусебна помош на диполамтско конзуларните претставништва на двете земји. Со него македонските гргани доколку имаат потреба можат да ги користат амбасадите на Словенија во Токио, Њу делхи, Тел Авив, Биуенос Ариес или онаму каде што нема македонски амбасади.
XS
SM
MD
LG