Достапни линкови

Потребен e консензус за историските прашања, а потоа да се расправа за вакви теми велат историчарите


На актуелната собраниска дебата за законот за празници која трае веќе неколку дена главни станаа историските теми. Македонија и по 16 годни независнот сеуште дефинира кој биле вистиснки револуционери, а кој работеле за туги интереси. Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепрганов вели дека за да се избегне повторно по неколку години да се враќаме во минатото и да дискутираме за него гледајќи го од различни агли неопходно е историчарите да направат истражувања кои ќе траат и по неколку години:

„Со кои што ќе бидат дефинирани сите работи во македонската историја без било каква партиска поделеност, туку што е македонска историја, да се дефинираат целите на државата и во тој контекст да се направат и наставни програми по историја и да имаме една историја која што нема секои четири години кога доаѓа смена на власта, повторно да зборуваме за ново пропрочитување на историјата.,,

Објаснува Чепрганов и додава дека причината зошто досега не го сториле тоа е лошата финансиска состојба во која се наоѓаа институтот.
Во ваква атмосфера пак, на долги говори и расправи на нашите пратеници, лидерот на бугарското ВМРО Красимир Каракачов деновиве во Бугарскиот парламент поднесе декларација за бришење на оценките за бугарската окупација во Втората Светска војна во учебниците по историја во Македонија. Чепрганов вели дека соседите за разлика од нас имаат консензус за историски прашања и односот кон нив не се менува во зависнот од партијата која е на власт:

„Грците во однос на македонското прашање кај нив сите партии имаат консензус и кај нив кога ќе дојде на дневен ред тоа прашање нема никакви разлики, со мали отстапки на комунистичката партија која од време на време излегува со различен став. Еве и во Бугарија од 1998 година имаат национална програма во која што се забележани целите на бугарската држава, односно нема признавање на македонска нација, нема македонци, сите се бугари и долгорочно ќе се работи на реализирањето на таа програма.“

И додека политичарите дебатираат за историјата оние на кој тоа им е професија велат дека воопшто не биле консултирани. Токму затоа историчарот Новица Вељановски смета дека оваа расправа е преуранета:

„Малку е изненадување заради тоа што ако сеуште немаме оценки за некои други настани или личности или немаме јасно формирана колективна свест.“

Објаснува Вељановски.
XS
SM
MD
LG