Достапни линкови

Крпен живот со 13 илјади плата, а 10 илјади трошоци


Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека просечната плата во Македонија изнесува нешто над 13 илјади денари, а потрошувачката кошница која вклучува само храна и пијалаци изнесува 10 180 денари, што значи како што се соопштува од Заводот за статистика дека на едно четиричлено семејство му остануваат речиси три илјади денари за останатите трошоци. Дури и со вакви бројки за просечната нето плата, што за многумина граѓани што ги анкетиравме велат преставува сон, останува енигма како со остатокот од три илјади денари да се покријат режиските трошоци. Најмногу оди на храна, скапа е и струјата, а со многу штедење велат граѓаните, едвај се врзува крај со крај за да се покријат сметките:

„Животот е многу скап, но ако водиш економија ќе биде евтин. Плаќам за струја околу 1500-тини денари, мора да се штеди инаку сигурно повеќе би плаќал.“

„Најмногу за храна се троши, просечно за четиричлено семејство некаде околу 12 илјади денари и тоа најосновните работи за да се опстане.“

„Најмногу за сметки трошиме и плаќаме околу 2 500-тини денари за струја и за вода. Мора многу да се штеди.“


За оние со нередовни примања, невработени или социјални случаи изборот дали заработеното да се даде за храна или пак да се платат режиските трошоци е сметките да почекаат до првото предупредување за исклучување:

„Сметки не плаќаме, не стигнуваме да плаќаме. Со три илјади денари социјално, не стигнуваме, нема шанси. Еве само за струја е 1500 денари, за вода 1200 денари, што значи цела социјална помош треба да ја дадам за сметки.

„Немам, доцнам со плаќање за сметки.“


Во ваква тешка економска ситуација забележуваат граѓаните, тешко е да се опстане. А кој е клучот за да се преживее, од свое искуство еве што вели еден граѓанин:

„Јас сум упорен имам секој ден активност, одржувам повеќе згради и вадам по нешто. Се снаоѓаме тоа е.“
XS
SM
MD
LG