Достапни линкови

Скопје: Продолжува седницата на Собранието за законот за празниците


Собранието на Република Македонија денеска го продолжува претресот по текстот на Предлог законот за измени на законот за празниците, откако вчера беше усвоен Предлогот за нивно донесување. Пратениците имаат поднесено повеќе амандмани, а најмногу од нив се за празнување на 13 август, денот на потпишувањето на Охридскиот договор, и за отстранување од листата на државни празници на владиниот предлог за славење на 23 октомври, денот на македонската револуционерна борба и ден на формирање на ВМРО.
XS
SM
MD
LG