Достапни линкови

logo-print

Ријад: Посета на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во Ријад ќе има средба со саудискиот крал Абдула. Најавени се разговори за ситуацијата во Ирак и за кризата со нуклеарната програма на Иран. Вчера во Египет, Рајс изјави дека наскоро ќе организира неформална средба меѓу израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас на која би станало збор за создавањето палестинска држава.
XS
SM
MD
LG