Достапни линкови

На состанокот ќе се разговара за поделбата на уште осум дипломатско-конзуларни имоти, велат од МНР


На состанокот на Комитетот за поделба на диплoматскиот имот што денеска и утре се одржува во Скопје тема на разговори е поделбата на диплoмaтско-конзуларните објекти. За кои објекти ќе стане збор, информира Васко Андоновски од Министерството за надворешни работи:

„Предмет на работата на овој состанок е поделбата на уште осум дипломатско-козуларни имоти кои што останаа од претходниот состанок кој беше одржан на 21 декември во Загреб. Тогаш успешно се поделија 44, од вкупно 67 дипломатско- конзуларни објекти лоцирани во земјите од ОЕЦД.„

Досега на Македонија и припаднаа Генералниот конзулат на СФРЈ во Париз, објектот на амбасадата во Канбера, Австралија, дел од плацот и еден објект од комплексот на амбасадата на СФРЈ во Атина, објект од 300 метри квадратни во Рим и зградата на Генералниот конзулат на поранешната држава во Цирих. Со ова земјава доби објекти во вредност од околу 16 милиони долари колку што и припагаат од вкупниот број на диполматски претставништва во земјите на Организацијата за економска соработка и развој вредни 212 милиони долари. Што значи Македонија на овој состанок нема можност да бара некој од останатите осум објекти бидејки речиси е исполнета квотата од 8 проценти што и припаѓа. На последниот состанок минатата година одржан во Загреб, Словенија доби 4 згради, Босна и Херцеговина, осум објекти, Хрватска 10. Од македонскиот преговарачки тим велат дека ако деновиве успешно заврши поделбата на преостанатите осум дипломатско конзуларни претставништва, ке се премине на следната фаза или поделба на имотот во источно европските земји, а потоа во афричките и азиските земји. Во мегувреме истакнуваат дека ќе треба да се изнајде начин за примопредавање на на досега поделените објекти, регулирање на имотно правните односи, обезбедување на потврди дека објектите не се под хипотека. Како што посочуваат надлежните од македонското МНР можно е и да стане збор и за тоа, да се побара продавање на некои објекти што се прескапи, па потоа да се поделат партите.
XS
SM
MD
LG