Достапни линкови

logo-print

Изборите поминаа мирно, победа на кандидатот на ДПА Беким Фазлиу, велат во ДИК


Државната изборна комисија според податоците добиени од општинската изборна комисија ја потврди предноста во гласовите што кандидатот за градоначалник на ДПА Беким Фазлиу ја доби во однос на Исни Јакупи од коалицијата ДУИ-ПДП, на вчерашните дополнителни избори во општината Сарај:

„За кандидатот за градоначалник на коалицијата ДУИ-ПДП Исни Јакупи гласале 5 959 избирачи, а за кандидатот на ДПА 8 568 избирачи.“

Со одзив од 55, 80 проценти на гласањето освен за нов градоначалник над 26 илјади граѓаните се изјаснуваа и за членови на Советот на општината. Како што информираше портпролот на ДИК Зоран Таневски, коалицијата според првичните информации, кои стануваат конечни по изминувањето на рокот за приговори и жалби ДУИ добила осум, ДПА десет и Републиканската партија едно советничко место. Во меѓувреме според добиените извештаи ДИК оценува дека гласањето поминало мирно:

„Според податоците добиени од теренот при вчерашното гласање немало нарушување на изборниот процес.“

Прашан, дали изборите во Сарај може да се сметаат како показател во албанската политичка сцена. Алберт Муслиу од граѓанскиот сектор вели:

„Ова се вонредни, а не главни избори така да и подготвеноста за поголеми нерегуларности не е толку присутна како при парламентарни или општи локални избори. Се надевам дека ова е веќе тренд и дека и албанскиот политички фактор е повеќе чувствителен и попретпазлив при гласањето за време на изборите.“

Инаку по гласањето во Сарај, ДПА на плоштадот во таа скопска општина со оро постизборни истрели и во присуство на Агим Красничи, славеше победа. ДУИ пак, обвинуваше дека изборниот процес бил контролиран од инкриминирани групи. Мендух Тачи од ДПА и Ермира Мехмети од ДУИ изјавија:

„Не само за албанците туку и за Македонија ова е важен ден, бидејќи ние сме земја кандидат за членство во ЕУ. Ние сме многу среќни што изборите беа без инциденти, фер и коректни.“

„Се додека локалните банди кои што ја контролираат општината не се тргнат од таму, изборите нема да бидат слободни.“
XS
SM
MD
LG