Достапни линкови

logo-print

Москва: Судот го одобри апсењето на Алексеј Френкел


Судот во Москва го одобри апсењето на бизнисменот кој го нарачал убиството на заменикот директор на Централната Банка Андерј Козлов. Судот одобри Алексеј Френкел кој беше уапсен на 11-ти овој месец да остане во притвор за да не влијае врз сведоците. Тој беше директор на приватна Банка за која убиениот Козлов нареди да биде затворена три месеци пред да биде убиен. Френкел тврди дека е невин.
XS
SM
MD
LG