Достапни линкови

logo-print

Скопје: Денеска се одржуваат дополнителни локални избори


Во Сарај денеска се одржуваат дополнителни локални избори на кои граѓаните од оваа скопска општина треба да решат кој од двајцата предложени кандидати ќе го заземат градоначалничкото место. Според портпаролот на Државната изборна комисија, Зоран Таневски, гласањето кое почна во седум часот на сите 34 гласачки места во општината се одвива без проблеми. 26 424 избирачи имаат право на глас, а освен за градоначалник, се гласа и за трите поднесени листи на кандидати за Советот на општината. Дополнителните локални избори во Сарај се набљудувани од граѓанската асоцијација МОСТ, но и од странски набљудувачи од Американската амбасада во Скопје и од земјите членки на Европскаат Унија.
XS
SM
MD
LG