Достапни линкови

Драстично намалена побарувачката на станови по аферата ФИКОМ, велат од градежните фирми


Фирмата Фиком една од најголемите афери која ја одбележа минатата година и остави десетици луѓе без покрив над главата и со многу изгубени пари влијаеше и врз побарувачка односно продажбата на станови. Од агенциите за недвижности велат дека цените и побарувачката не само на новоградбите, туку и на страите станови се опаднати:

„Многу е намалено, драстично е намалено, по некоемое видување околу 30% проценти е намалена побарувачката.“

Вели соптвеникот на една агeнција за недвижности Јовица Филиповски и додава дека оние пак кои ќе се одлучат да купат стан се однесуваат по претпалзиво:

„Бараат повеќе информации во врска со тоа кој ја врши градбата, ја и бараат документацијата за да се исконсултираат со соодветни стручни лица.“

И градежните фирми се жалат дека побарувачката ја нема. Кај нив како што вели сопственикот на градежна фирма Љупчо Бораниев состојбата е уште по драстична, односно продажбата на станови од септември, од кога се случи аферата е намалена за 100 насто:

„Ние имаме изградено зграда до кров веќе со комплетна карабина, каде што има само еден стан продадено. Со издавање на сертификатите од општина Кисела Вода и со тие потврди веќе интересот полека почнува да се враќа и ја чувствуваме таа разлика.“

Државата пак, по случајот Фиком најави борба против урбанистичката мафија со цел да ги заштити граѓаните од таквите малверзации. Од надлежното министертво за транспорт и врски велат дека предметите на откриените фирми кој не работеле законски се веќе предадени во јавното обвинителство, а градежната инспекција интензивно врши контроли. По контролите спроведени во Струга и Охрид за што се чекаат записниците, од министерството најавуваат контрола на градбите во Тетово и Гостивар. Најголемо влијание пак, за избегнување на нови слични афери очекуваат да изврши новиот закон за градба кој е во подготовка. Во него се предвидува издавање на лиценци на градежните фирми по строги критериуми. Таа одредба ја имаше и во стариот закон, но никогаш не профукцинира во пракса. Од министерството велат дека тоа сега нема да се случи. Но, иако државата ја најави борбата против урбанистичката мафија, а надлежните тврдат дека преземаат мерки сепак искуствата на градежниците и агенциите за недвижности зборуваат дека довербата на граѓаните сеуште не е вратена.
XS
SM
MD
LG