Достапни линкови

Во МВР велат дека старите пасоши ќе траат пет години, но незнаат дали повторно ќе има нови промени


Новите пасоши по европски стандарди најавени од Министерството за внатрешни работи за крајот на првиот квартал од годинава, се вбројуваат во третиот по ред процес на менување на овој личен документ од страна на македонските граѓани во изминативе петнаесет години од осамостојувањето. Ќе мора ли веднаш да се извадат нови пасоши со дополнителна безбедносна заштита, колку ќе чинат и до кога ќе важат старите пасоши, се прашањата што си ги поставуваат граѓаните, на што од Министерството за внатрешни работи информираат дека старите пасоши ќе бидат важечки во подолг временски период, а цената сеуште не е прецизно утврдена:

„Март-април би требало да излезат новите пасоши и се оперира со цена од 30 до 35 евра. Овие пасоши што се досега издадени тие се секако важечки и во законот за изменување и дополнување на законот за патни исправи е предвидено дека тие ќе важат уште пет години.“

Изјавува Снежана Симоновска началник на одделението за патни исправи при Министерството за внатрешни работи. По првиот пасош по осамостојувањето, втората промена беше по уставните измени соглано Рамковниот договор до актуелната трета измена со дополнителна безбедносна заштита како дел од европските аспирации на државава. На новиот пасош кој ќе биде во темно црвена боја, согласно законот ќе стои постојниот грб на државата. Но, доколку тој се промени како што во јавноста се погласно се зборува во Министерството за внатрешни работи велат дека незнаат како ќе реагираат при евентуална измена на државните симболи. Симоновска посочува:

„Патната исправа се издава на пропишан образец кој го содржи грбот и името на Република Македонија. Можам да ви кажам дека по закон е пропишано и самиот образец и издавањето, а како тоа понатаму ќе се одрзи секако ако и тоа се вгради во закон ќе бидеме должни да го почитуваме.“

На ваквите чести измени на личните документи реагираат граѓаните, поради дополнителните трошоци кои поради тоа мора да ги плаќаат:

„Па тоа е издаток на народот, нови пасоши, нови лични карти... Се менуваат улици, па повторно мора да се вадат лични карти.

„Што мора да се вади, мора.“

„Во последните десет години три пати менувам пасош, лична карта, или било каков друг документ што секако пречи.“


забележуваат граѓаните.
XS
SM
MD
LG