Достапни линкови

Атина: Рекетирана американската амбасада во Атина


Грчката полиција соопшти дека врз американската амбасада во Атина изутрината била истрелана ракета која предизвика штата, но нема повредени лица. Според шефот на полицијата, станува збор за терористички акт. Американскиот амбасадор во Атина Чарлс Рис надвор од амбасадата на новинарите им изјави дека Амбасадата е место на криминална истрага и оти полицијата собира докази. ,,Моја намера е амбасадата да биде отворена што поскоро“ рече Рис. Тој оцени дека станува збор за сериозен инцидент. Грчката влада е решена да вложи напори такво нешто да не се повтори, изјави шефицата на диопломатијата Дора Бакојани. Според министерот за јавен ред Вирон Полидарис одговорноста ја превзела организацијата Револуционерна борба.
XS
SM
MD
LG