Достапни линкови

logo-print

Партиите на помалите етнички заедници се плашат од изумирање


Партиите со различни размилувања околу измените на законот за политички партии неодамна донесен во Парламентот, според кој бројот на основачите на партија од досегашните 500-тини се зголемува на 1000 и обврската на секои две години тие да се пререгистрираат. Некои од претставниците на помалите политички партии сметаат дека овие дополнителни обврски во законот, може да придонесат за изумирање на партиите на етничките заедници кои се помалку од 20%, поради неможноста да биде испонет цензусот од илјада потписи за основање на партија и нивна пререгристрација. Кенан Х асипи од Демократската партија на Tурците изјавува:

„Па веројатно ќе придонесе да се редуцираат политичките партии, бидејќи дел од нив поради тоа што не ќе можат да соберат 1000 потписи ќе бидат избришани од судскиот регистрар“

Наспроти него пак Шабан Салиу од Сојузот на ромите изјавува дека напротив, ваквите нови обврски ќе придонесат за поголем легитемитет за партиите.

„Мислам дека за оние партии што сакаат сериозно сака да се занимава со политика, ниту 3000 ниту 5000 основачи, не е многу голем цензус. Доколку тие немаат толкава структура на основачи, односно симпатизери и гласачи тогаш тие неможат да постојат. Тогаш која би била идејата за постоење на таква политичка партија која неможе да собере ниту 1000 гласови.“

Наспроти ваквите размилувања на претставниците на помалите политички партии експертка јавност смета дека нема да има поголеми промени на македонската политичка сцена, ниту пак ќе има дополнително задушување на малите политички партии особено оние на етничките заедници. Професорот од Правниот факултет Саво Климовски смета дека главен проблем е изборниот модел кој и онака не дозволува функционирање на помалите политички партии кои се окрупнуваат во поголемите коалиции.

„Многу е посложено прашањето отколку што станува збор за подигнување на бројот на потписи потребни за формирање на политичка партија, во однос на тоа веќе фактички помалите политички партии веќе не постојат со постоечкиот пропорционален изборен модел бидејќи сите тие се претпуваат во постоечките два блока, односно на левата страна СДСМ, а на десната страна ВМРО-ДПМНЕ.“

забележува професор Климовски.
XS
SM
MD
LG