Достапни линкови

Обезбедувањето на бадентерово мнозинство е клучен проблем, велат експертите


До крајот на месецов Владата најави дека треба да бидат донесени неколку клучни закони, како законот за јавен обвинител, докомплетирањето на составот на судскиот совет, а таа најави дека меѓу приоритетите ќе бидат и уставните измени во делот на воведување задолжително средно образование. Проблематизирањето со нивното донесување е во бадентеровото мнозиниство, па во отсуство на договор околу подршката на овие закони од сите политички партии, Собранието во меѓувреме расправа за закони од сверата на здравствената заштита или пак законот за празници. Парламентарното владеачко мнозинство уверува дека Собранието не расправа за споредни закони и дека приоритетните ќе бидат донесени, кога ќе се обезбеди подршка за нив. Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ посочува:

„За овие закони апсолутно дека Собранието треба да дебатира и во моментов треба да се разговара со политичките партии да го слушнеме нивното мислење за законот за јавното обвинителство и да се усогласат ставовите. Мислам дека сепак секој закон си има своја тежина и незначи дека законот за политичките партии или законот за празници не се битни за Република Македонија.“

Наспроти власта, опозицијата обвинува дека владата работи на помалку приоритетни, наспроти потребните закони, но од друга страна оттаму ја проблематизираат нивната подршка за законите за кои е потребно бадентеровото мнозинство:

„Веќе се покажа дека Бадентервото мнозинство е проблем за оваа Влада.“

Изјавува Рафиз Алити од ДУИ. Бадентеровото правило го опструриаат и во помалите етнички заедници, кои неодамна на владата и доставија неколку барања кои треба да им гарантираат повеќе места во Парламентот како и барањето за формирање на министерство за малцински права. Ова е услов за подршка на законските проекти за кои е потребен Бадентер, вели Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите:

„Владата треба да излезе во пресрет на одредени барања на припадниците на заедниците во Република Македонија.“

Аналитичарите пак, посочуваат дека Владата не треба да се однесува арогантно кон етничките заедници од кои и е потребна подршка, бидејќи како што посочува политикологот Жидас Даскаловски токму од овие причини Собранието изминативе месеци повеќе дебатира за помалку реформски проекти, наспроти битните кои чекаат на усвојување:

„Многу арогантно се однесуваат кон овие помалите заедници, како србите, бошњаците или турците, но на крајот ќе мораат бидејќи нема друг начин за да успеат.“

Забележува Даскаловски.
XS
SM
MD
LG