Достапни линкови

Демократите бараат повлекување на американските сили од Ирак


Војната на зборовите се загрева во Вашингтон пред објавувањето на новата стратегија за Ирак на претседалот Џорџ Буш. Опозиционите демократи кои ја презедоа контролата врз Конгресот велат дека нема да подржат ескалација на војната, но тие сеуште немаат алтернатива и не се знае каква ќе им биде стратегијата како одговор на Претседателот Буш.

„Прашањето е дали да продолжиме со политиката која е несупешна. Ја пробавме оваа политика на два пати во изминативе 12 месеци со нови трупи во Багдад. Ни треба политичко решение пред да добиете воено решение.“

Ова беше сенаторот Џозеф Бајден преседавач на Комитетот за надворешни работи на Сенатот, еден од најгласните демократи зборувајки за ТВ мрежата Фокс. Лидерите на мнозинството демократи во Сенатот и во Конгресот Хари Рид и Ненси Пелоси му испратија на 5 јануари писмо на претседателот Буш во кое го повикуваат да започне за 4 до 6 месеци со фазно повлекување на војниците од Ирак. Тоа, виртуелно е спротивно на очекуваниот план на претседателот Буш за зголемување на нивото на силите и фондовите за реконструкција во Ирак. Имено се очекува Буш да објави зголемување на силите за 20 илјади војници и потрошувачка на уште милијарда долари за обнова на ирачката економија. Се очекува исто така Буш да постави серија цели која ирачката влада ќе треба да ги исполни за да го сопре верското насилство и да ја стабилизира земјата. Меѓутоа и покрај загревањето на атмосферата во Вашингтон демокартите немаат унифицирана стратегија. Имено демократскиот Сенатор Бајден изјави дека Конгресот има мала моќ да менаџира со војната. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Мек Конел го рече речиси истото:

„Можностите на Конгресот да менаџира со војната се доста лимитирани. Ако избереме, а не верувам дека тоа ќе се случи, може да скратиме пари за трупите. Може да усвоиме резолуции, да дебатираме, но покрај тоа Конгресот не мислам дека може да микро-менаџира воена тактика, ниту пак треба тоа да го прави.“

Тоа може да го лимитира одговорот на опозицијата како стратегијата на планот на Буш. Демократските лидери се надеваат дека зголемените притисоци ќе влијаат врз админситрацијата да покаже флексибилност. Во Вашингтон велат се води тешка битка за тоа дали во недоглед треба да се остане во Ирак или да започне процесот на фазно повлекување.
XS
SM
MD
LG