Достапни линкови

Милано: Судска расправа за киднапирањето на еден египетски клерик


Судот во Милано треба да започне со сослушување на аргументите за тоа дали да обвини 26 американци и 5 италијанци за киднапирање на еден египетски клерик. Осама Хасан Наср изјави дека бил киднапиран на улиците на Милано во 2003 и потоа бил испратен во затвор во Египет каде бил подложен на тортура. Сите освен еден од американците биле идентификувани како аганти на ЦИА. Италијанците исто така биле членови на разузнавањето. Не се очекува никој од нив да се појави на суд.
XS
SM
MD
LG