Достапни линкови

Приштина: Марти Ахтисари во Дрезден ќе се состане со Контакт Групата, пишуваат косовските медиуми


Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за статусот на Косово Марти Ахтисари на 11 и 12 јануари во Дрезден ќе се состане со политичките директори на земјите членки на контакт групата, пишува косовски Зери. Според весникот кој се повикува на изјава на портпарол на Уносек Реми Дурло, Ахтисари на овој состанок ќе информира за процесот на решавање на статусот на Косово, а не и за содржината на предлогот, кој според најавите треба да им го достави на Приштина и на Белград по изборите во Србија.
XS
SM
MD
LG