Достапни линкови

Признавање на дипломите во Европа


Во насока на олеснување на наставната програма на високото образование, а и како обврска преземена со потпишувањето на Болоњската декларација, класичниот начин на студирање го замени така наречениот кредит трансфер систем. Полагањето на усен испит преку застарена методологија на испрашување кога професорот поставува неколку прашања од обемниот материјал, сега се заменува со поени од редовност на часовите, активност, полагање колоквиуми, или презентации. Предностите на овој начин на студирање го чувствуваат и студентите:

„Прво е олеснување на материјалот, што студентот реално може да го почувствува. Друго беше да спремаш цел испит од 600 страни, а друго е кога е поделен на 200. Тоа е полесно и може да се оди во детали во некои делови. Следењето на наставата редовно носи други поени,“

вели Елена Димитриева студент на економскиот факултет во Скопје.

Една од предностите на кредит трансфер системот е и академското признавање на дипломите надвор од земјата. Проректорот за настава на универзитетот Св Кирил и Методиј Зоран Велковски вели:

„Во дадениот случај нашите дипломи одат на посебна верификација. Кредит трансфер системот треба да овозможи признавање по автоматизам, затоа што подразбира склучување на меѓу универзитетски договори.“
XS
SM
MD
LG