Достапни линкови

Вашингтон: Хјуман Рајтс Воч бара од Ирак да ги прекине сите предвидени егзекуции


Меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман Рајтс Воч побара од ирачките власти веднаш да ги прекине сите предвидени егзекуции на осудениците. Духот на одмаздата што го одбележа бесењето на Садам Хусеин треба да ги натреаат властите во Багдад да ги прекине погубувањата, се вели во соопштението на оваа организација. Инаку, во Багдад денеска продолжува судењето на преостанатите соработници на Хусеин, осомничени за геноцид.
XS
SM
MD
LG