Достапни линкови

Претседателот Црвенковски за Божик во Ирак


Претседателот на државава Бранко Црвенковски божикните празници ќе ги помине со мировниците од македонскиот контингент во Ирак. Ова е воедно и прва посета на мировниците на највисоко ниво. Во мисијата Слобода за Ирак Македонија учествува од 2003 година.

„Во мисијата Слобода за Ирак Македонија учествува со еден вод специјални сили и во тек е осмата ротација. Во овој период во мисијата учествуваат 40 претставници на АРМ,“

потсетува портпаролот на Министерството за одбрана Билјана Аврамовска.

Македонија како што е познато е присутна и во мисијата во Авганистан, каде што е во тек 10-тата ротација и таму АРМ има испратено 21 припадник и тоа во составот на германскиот контингент и во составот на грчката полска војница. Во мисијата на ЕУ во БИХ, АРМ учествува со два транспортни хеликоптери и 21 лице, припадник на АРМ.

Нови 126 војници старешнини вчера беше испратена во мировната мисија во Авганистан, таа ќе биде распоредена во британскиот контингент:

„Со упатувањето на механизираната пешадиска чета, значи зголемување на нашето учество во мисии, а надлежностите ќе останат исти како досега,“

додава Аврамовска.
XS
SM
MD
LG