Достапни линкови

logo-print

Власта не отстапи, опозицијата не дојде


Ако сакаат да прават театар и проблеми, ние ја примаме таа порака и соодветно на тоа ќе се однесуваме, изјави премиетот Никола Груевски, откако на денеска најавениот дијалог меѓу лидерската четворка лидерите на СДСМ и ДУИ не пристигнаа. По разгворот со лидерот на ДПА Арбен Џафери Груевски рече дека однесувањето на опозицијата можеби има за цел да прати порака за политичка криза, но дека во реалноста не е така:

„Тоа е лошо за процесите во земјата. Тоа покажува дека има намера за создавање перцепција дека има криза, политичарите не сакаат да разговараат и нешто лошо се случува, но работите не се баш такви и во парламентот течат разговорите меѓу сите пратенички групи. Денеска барем се виде кој е тој што сака да разговара и да има дијалог, а кој не сака да го има дијалогот, ќе го има само во парламентот, што на крајот на краиштата можеби е и подобро.“

СДСМ пак претходно се изјасни дека доколку не бидат повлечени измените во изборниот закон, тогаш дијалог нема да има. Емилијан Станковиќ од таа партија изјави:

„Не е точно дека се бара алиби. Сметаме дека политичкиот дијалог треба да биде за суштински прашања за Република Македонија и нејзините граѓани. Истовремено сметаме дека начинот на кој Никола Груевски сака да го води политичкиот дијалог, го промовира принципот или – или.“

ДУИ пак еднаш ја одби поканата, дневниот ред на средбата, според нив, нема врска со евро атлантските интеграции, повтори Рафиз Алити од таа партија, кој инсистира дијалогот да се води со меѓународно медијаторство.

Средбата меѓу Груевски и Џафери искористена и за разговор за случајот Красниќи. Има или нема криза во владината коалиција, премиерот и Џафери со став:

„Не, нема несогласувања, такви ситуации нема. Судот е суд, партиите се партии.“
„Има несогласувања меѓу сите коалиции, но прашање е дали тие остануваат во институциите на системот и ние се обидуваме да ги решаваме ваквите антагонизми во институциите.“
XS
SM
MD
LG