Достапни линкови

Се зголемува визниот ѕид околу Македонија


Владите на Македонија и Бугарија во ноември 2006 година потпишаа спогодба за визен режим, па според утврдените правила, граѓаните од земјава, кај нашиот источен сосед ќе патуваат со бесплатни визи, а истите ќе може да се добијат во бугарската амбасада во Скопје и во конзулатот во Битола. Шпреса Јусуфи од МНР за правилата за визниот режим со Бугарија изјавува:

„Освен тоа што издаваат туристички три месечни визи. Постојат категории граѓани, кои може да добијат и годишни визи, и повеќекратни визи и тоа пред се оние кои се однесуваат во однос на образованието, бизнисмени, транспортери. Шенген визите се исто така валидни за транзитно патување во рок од пет дена,“

вели Јусуфи.

Воведувањето визи за соседна Бугарија, освен македонските граѓани ги засега и стопанствениците, бидејќи бизнис релациите со оваа земја поради близината се почести. Посебна загриженост изразуваат од туристичкиот центар, од наметнатите дилеми, како да се исполнат деловните обврски. Оттаму забележуваат на недоволната информираност на надлежните институции:

„Мислам дека почетокот, првите 15 дена би била комплетна блокада со Бугарија, бидејќи знаеме дека во Бугарија се патува многу почесто, многу фирми имаат свои партнери таму. Претежно сите амбасади коишто не функционираат во Република Македонија се во Бугарија, така што и ние бизнисмените ќе се судриме и самите граѓани,“

изјавува Дончо Нацев сопственик на туристичка агенција.
XS
SM
MD
LG