Достапни линкови

logo-print

Европско работно време, македонски стандард и навики


Промени и усогласувања, се разбира во европски дух. Власта ги навива часовниците, а внатре македонскиот дух додава правила по сопствено наоѓање, со доволна доза креативност. Промената на работното време, ја промени дневната шема на скопјани, почнувајќи од утринските редици на семафорите, времето на сообраќајниот шпиц се помести за половина час подоцна наутро и попладне. Образложението на власта за промената на работното време беше:

„Пред се, да се усогласиме со европското работно време и за поголема ефикасност на администрацијата во работењето,“

вели портпаролот на министреството за труд и социјална политика Жаклина Величковска, која исто така почна да патува на работа половина час подоцна, почнувајќи од 1 ноември, со оглед на тоа што новото работно време ги опфати вработените во јавната администрација.

Се побунија учениците, како сега да го менуваат биоритмот? Се јави и синдикатот, како сега да се менуваат навиките?

„Имавме во рамки на нашииот синдикат, една организација, каде што дојде до комични ситуации, кога работното време се помести од седум на осум часот, пациентите доаѓаа уште во седум, навикнати на традиционалното работно време, а вработените поминувајќи покрај пациентите во осум часот се подбиваа, со нас, велат еве ги овие каснат еден час,“

вели портпаролот на ССМ Пеце Груевски.

Побара од владата да има летно и зимско работно време, но не успеа да ја ослаби решеноста оттаму тоа во иднина да се повлече уште половина час нанапред, токму спроти нефлексибилните навики.
XS
SM
MD
LG