Достапни линкови

Тирана: ЦИК смета дека изборите во Албанија не може да се одржат на 20 јануари


Локалните избори во Албанија не можат да се одржат на 20 јануари, како што беше предвидено, заради постоечките несогласувања меѓу Владата и опозицијата, соопшти денеска Централната изборна комисија. На прес конференцијата во Тирана, претседателот на Комисијата Глирим Гјата изјави дека ЦИК не може да ги почне подготовките за изборите на 20 јануари. Покрај напорите на ЦИК и апелите на меѓународната заедница ситуацијата останува блокирана и без никакво решение, додаде тој. Гјата изјави оти е скептичен во однос на можноста евентуално одлагање на изборите за 18 февруари, со што би се запазиле роковите утврдени во албанскиот Устав да овозможи регуларно одвивање на изборите. Проблемот не е во датата, вели тој, туку во усвојувањето на законската рамка која тешко дека ќе биде донесена за еден месец.
XS
SM
MD
LG