Достапни линкови

logo-print

Дака: Најмалку 55 жртви во пожар на автобус


Најмалку 55 лица загинаа во сообраќајна незгода на преполн автобус кој потоа се запалил, југоисточно од главниот град на Бангладеш, Дака. Автобусот превезувал стотина патници од Дака кон пристанишниот град Читагонг. Несреќата се случила при обид на возачот да избегне такси возило кое му доаѓало во пресрет. Пожаот бил предизвикан од искекување на гориво. Според податоците на полицијата загинале најмалку 55 лица. Претставници на локалните власти и очевидци пак тврдат дека има најмалку 70 загинати. Повеќето од телата не можеле да бидат распознаени.
XS
SM
MD
LG