Достапни линкови

Републиканците и Демократите ги почнуваат подготовките за претседателските избори


Џорџ Буш има уште две години да служи како американски претседател. Меѓутоа во двете најголеми партии Републиканската и Демократската веке се назираат можните личности за партиските номинации како кандидати за иден претседател на Соединетите Држави.

Американскиот Устав го ограничува претседателот на државата на два 4 годишни мандати, но не вели ништо за тоа кога потенцијалните кандидати можат да почнат кампањата. Обично две години пред истекот на мандатот на актуелниот претседател кампањите почнуваат. Како можни кандидати кај Републиканската партија на Џорџ Буш, се издвојуваат Рудолф Џулијани и Џон МекКејн. Џулијани е бившиот градоначалник на Њујорк, кој доби на популарност со неговата улога во смирувањето на ситуацијата во градот и земјата во целина по терористичките напади на 11 септември 2001. Доколку тој реши да се кандидира негов против во рамкиет на Републиканците ќе биде сенаторот Џон МекКејн поранешен виетнамски затвореник и кандидат во номинацијата против Џорџ Буш во две илјадидата година. Џон МекКејн веќе формира комитет за да ги испита неговите шанси за трката во 2008 но велчи се уште не се решил.

„Како што секогаш велев, ке решам во раната фаза на 2007. Во меѓувреме со семејството ќе ја донесам таа одлука.“

Кај Републиканците можен кандидат е и гувернерот од Масачустетс Мит Ремни. Тој е малку познат, но истото можеше да се рече и за Бил Клинтон во раните деведесети. Меѓу демократите потенцијален кандидат е Бурок Обама од Илиноис кој по прв пат е сенатор. Неговата еветуална кандидатура генерира многу возбудувања.

„Доколку решам да се кандидирам за претседател, тогаш тоа ќе го објавам и сите ќе бидете поканети за да завршат шпекулациите.“

Обама е млад 45 годишен афро – американец, со мало искуство на националната сцена. Но тој има харизма и интересна животна приказна. Обама е син на бела мајка од Канзас и црн татко од Кенија. Дипломирал право на Харвард. Доколку реши да се кандидира негов главен против во Демократската партија би му била Сенаторката Хилари Клинтон сопруга на поранешниот претседател Бил Клинтон. Иако и таа се уште официјално ја нема поднесено својата кандидатура, на неа се гледа како на водечки кандидат на Демократите во престојните номинации. Патрик Башам, директорот на Демократскиот Институт во Вашингтон вели дека никогаш не е рано да се започне кампања. Важно е, вели Башам, кандидатите да се сигурни дека ја пратиле пораката, а гласачите да знаат кој се кандидатите.

„Да се биде познат кандидат не е гаранција за успех, но е невозможно да се успее ако не е познат.“

Еден од предизвиците за Републиканските кандидати е дали да се поврзат со политиката на претседателот Буш. Буш беше многу популарен кога го доби вториот мандат во 2004, но рејтингот значително му опадна во изминативе две години, поради неадекватниот одговор на последиците од ураганот Катрина во септември 2005 и влошувањето на ситуацијата со верските насилства во Ирак и загинувањето на американскиот воен персонал.

„Има два фактора кои Републиканските кандидати треба да ги имаат предвид во нивната стратегија. Прво. Речиси е неверојатно дека Буш ќе стане популарен претседател во следниве две години. Второ. Во Америка политичарите ќе изберат Претседател кој ќе се кандидира против Вашингтон.“

Тоа всушностѕ значи дека кандидатите, дури и оние кои се инсајдери, кои се внатре во Вашингтон мора да демоснтрираат дека не се дел од Вашингонската култура на моќта туку дека се интересираат за потребите на американнците. И двете страни, кандидатите и на Демократите и на Републиканците треба да покажат дека не се ригидни на промени, вели Башам, и додава изборите се за две години а дотогаш многу нешта може да се случат.
XS
SM
MD
LG