Достапни линкови

logo-print

Обесен Садам Хусеин


Поранешниот Ирачки претседател и диктарор Садам Хусеин е обесен во затворот во Багдад во 6 часот изутрината по локално ирачко време. Хусеин владееше над 20 години во Ирак со челична рака се до остранувањето од власта со американската инвазија во 2003. На улиците на Багдад некои ирачани славеа.

Садам Хусеин беше осуден за злосторства против човештвото за убиствата на 148 шиити во 1982. Хусеин себе си се опиша како жртва и ги повика ирачаните да се обединат против непријателот.

„Да живее народот. Да живее нацијата. Долу агентите. Долу натрапниците. Господ е голем. господ е голем.“

Светот вака реагира на егзекуцијата на ирачкиот диктатор. Според американскиот претседател Џорџ Буш, по фер судење, правдата е задоволена за жртвите на бруталниот режим. Буш ова го изјави во Австралија каде е во посета на својот сојузник Австралискиот министер за надворешни работи Александар Даунер изјави дека ирачаните сега знаат дека Хусеин никогаш веќе нема да се врати назад на власт. Шефицата на британската дипломатија Маргарет Бекер во Лондон изјави дека Садам му е пресудено, но и дека Британија не подржува смртна казна. Русија и Индија изразија жалење за егзекуцијата. Смрта на Хусеин е трагична и за Ватикан. За Иран пак тоа е добредојдена вест, исто како и за Израел. Според Амнести интернешнл егзекуцијата е едноставно погрешна работа. Хјуман Рајтс Воч соопшти дека тест за секоја влада е како се однесува кон човековите права а дека историјата ќе ги оцени судскиот процес и егзекуцијата на Хусеин како длабоки нарушувања. Аналитичарите од друга старна одговараат на прашањата каков одраз врз ситуацијата во Ирак ке има егзекуцијата на Садам Хусеин.

„Мислам дека на кус рок егзекуцијата ке го поларизира ирачкото општество, бидејки и покрај тоа што Хусеин не го сака и мнозинството од сунитската арапска заедица, тој излегува како единствен нивен симбол и смрта според нив ке ја ратификува нивната егзекуција од новиот политички поредок во Ирак. За нив егзекуцијата е направена од шиитите и курдите како чин на нивно обезвластување. На краток рок ке видиме ширење на насилствата, но на подолг период Хусеин ќе има мало влијание.“

смета Џост Хитерман од Меѓународната Кризна група во Аман Јордан. Агенциите, во меѓувреме и денеска јавуваа за бомбашки напади и десетици жртви во Ирак.
XS
SM
MD
LG