Достапни линкови

Опозицијата незадоволна


По завршување на собраниската расправа по 180 амандамнани во сите области опозицијата незадоволна од буџетот, вели не успеавме да влиајеме на владиниот предлог бидејки прифатени се десеттина амнадмани. Пратениците од опозициските партии на утрешната седница на која треба да се усвои Буџетот тие ке гласаат против.

„Toa што мене ме загрижува е што имаше суштински амандмани, што воопшто не беа прифатени, а во кои се предлага да се одземат средства од ставката за купување мебел, опрема и машини за кои што владата ветуваше и во експозето и во тврдењето на премиерот и во програмата „Преродба во 100 чекори“ дека во таа ставка ќе има износ нула и дека Владата во првата година ќе се откаже од оваа ставка за сметка на други ставки во буџетот.“

Изјави Славица Грковска од СДСМ. Роза Топузовска Каровска од ЛДП вели дека клучните амандамни со кои се бара прераспределба на повисока сума на средства не се прифатени

„Генерално не се промени многу сликата на буџетот и со жалење можам да констатирам дека некои обврски кои што беа преземени од претходната Влада, овој пат се немаше слух за тие обврски да се исполнат кон одредена категорија на граѓани како тутунопроизводителите, здравствените работници, стечајните работници и останатите.“

Незадоволсво и кај ДУИ. Од таму посочуваат дека владата покажува оти не оди кон тоа да ги реализира заложбите

„Не беа прифатени амандмани кои битно би влијаеле за некоја поголема инвестиција така што ние нема да го гласаме овој буџет.“

Владата го положи првиот посериозен тест, велат од Новата социјалдемокртаска партија која е дел од владината коалиција

„Со реакција на Владата внатре во буџетот успеавме некои позиции за кои мислевме дека искрено беа намалени, посебно во делот на економијата, беа надминати. Нашиот став кој го искажавме и јавно во однос на општиот претрес е дека ние ќе го подржиме буџетот.“

рече Иван Анастасовски.
XS
SM
MD
LG