Достапни линкови

logo-print

Расфрлање или потреба?


Новогодишна атмосфера, зачинета со предновогодишни приеми и пригодни подароци за соработниците, оваа веќе традиционална практика ја применуваат во владините инсистуции, Парламентот, министерствтава, поголемите политички партии, а целта како што изјавуваат во повеќето од нив, е да се пренесат желбите и честитките за новата и да се направи пресек за тоа што сработеле во изминатата година. Дали изборот за предновогодишна забава е прослава во рамки на институцијата или пак во некој од познатите скопски хотели, без исклучок во владините министерства повеќето изјавуваат дека средствата што ги потрошиле се скромни. Сепак ги прашавме дали е подобар начин како што велат ,,скромните,, средства да ги пренаменат за хуманитарни акции. Во изминативе два дена, два коктели за своите соработници организираше Парламентот. Не чинело многу бидејќи Собранието има свој ресторан, изјавува Тодор Пендаров портпарол на претседателот на Парламентот:

„Се е тоа сведено на некоја скромност, но која во исто време нормално обезбедува одредена свечена атмосфера.“

Од Министерството за локална самоуправа пак, од каде се одлучија на прослава во еден од скопските хотели забележуваат.

„Министерството не затаило ниту кога требало да се реагира за некоја хумана цел, сметам дека треба да се биде хуман, но не и да се кокетира во име на хуманоста.“

Истакнува Ели Чакар од Министерството за локална самоуправа. Дека имаат разбирање за социјалниот момент во државата, која се соочува со 360 илјади невработени велат од Министерството за труд и социјална политика, покажува нивниот избор за предновогодишниот прием. Жаклина Величковска портпарол во Министерството посочува:

„Самото име на министерството, како што е знаете е Министерството за труд и социјална политика, а ние на шега знаеме да кажеме дека сме социјалци и социјални случаи и токму затоа во согласност со името, само со кафе овде во Министерстовото ќе си посакаме Срекна Нова Година.“

Средствата за предновогодишните средби не се мерило за хуманитарноста ниту за Министерството за одбрана, па Биљана Аврамовска од ова министерство истакнува:

„Министерството за одбрана е институција која што покрива активности кои што имаат и хуманитарен карактер, со оглед на тоа што овие потрошени средства се мошне симболични, така да нема потреба од нивна пренамена.“

Вели Аврамовска.
Средствата што институциите што се одлучиле за прослава во хотел чини од 400 до 800 денари од човек, а за рекламен материјал треба да се одвојат по најмалку 400 денари.
XS
SM
MD
LG