Достапни линкови

logo-print

Џералд Форд беше 38-от претседател кој функцијата ја наследи, односно не ја доби на избори


Поранешниот американски претседател Џералд Форд почина синоќа на деведесет и три годишна возраст, соопшти неговата сопруга Бети без да ги наведе причините за смртта. Агенциите потсетуваат дека Форд во последно време имал сериозни здравствени проблеми. Тој, како триесет и осми претседател раководеше со Соединетите Држави веднаш по скандалот Вотергејт поради што неговиот претходник Ричард Никсон поднесе оставка. Форд беше првиот американски претседател кој функцијата ја наследи, односно не ја освои на избори.

Џералд Форд ја презеде претседателската функција на деветти август илјада деветстотини седумдесет и четвртата година, веднаш по оставката на Никсон, со повик за национално единство:

„Мои сонародници нашиот долготраен национален кошмар заврши. Нашиот Устав функционира. Во нашата голема република владеат законите.“

Тоа беше време на поделби. Никсон поднесе оставка откако избувна еден од најголемите политички скандали во американската политичка историја. Станува збор за активностите на една група приврзаници на републиканецот Никсон кои ги прислушуваа канцелариите на тогашната опозициска Демократска партија во зградата Вотергејт во Вашингтон. Никсон беше принуден да поднесе оствака, бидејќи му се закануваше инпичмент. Веднаш по остваката Форд го помилува Никсон. И покрај тоа што аферата Вотергејт ги засени првите месеци откако Форд ја презеде функцијата, сепак тој успеа со својата работа да го дефинира новиот претседателски имиџ каков што е познат и сега. Повеќето од американците сметаат дека времето на Форд беше време на помирување. И тоа не само во врска со аферата, туку и со социјалните немири предизвикани од декадата протести поради американската воена интервенција во Југоисточна Азија. Една од позначајните работи беше и склучувањето на Хелсиншките спогодби, документ со кој земјите потписнички, вклучувајќи ги тогашниот Советски Сојуз, Западна и Источна Германија, да се стремат кон мир и да ги почитуваат човековите права.

„Соединетите Држави исто така имаат намера да интензивно да работат на натамошен договор со Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското вооружување. Договорот би траел десет години.“

Изјави Џералд Форд во Хелсинки со што го потврди дентатот во односите меѓу Вашингтон и Москва. Форд беше роден во Омаха, во централната американка држава Небраска, во илјада деветстотини и тринаесетата година и првичното име му беше Лесли Кинг Џуниор. Но, по разводот на неговите родители кога тој имал само две години, тој бил преименуван според неговиот очув. Форд има звршено правни науки на Јејл универзитот, а прв пат беше избран за Претставничкиот дом во илјада деветстотини и четириесет и осмата година. Како претседател два пати беше цел на атентати. Џерлад Форд загуби на претседателските избори во илјада деветстотини седумдесет и шестата година до демократот Џими Картер.
XS
SM
MD
LG