Достапни линкови

Џовар: Етиопските и сомалиските сили продолжуваат со битката против исламските милитанти


Новинските агенции од Сомалија известуваат дека етиопските и сомалиските владини сили го освоиле Џовар, последното поголемо место на патот кон главниот град Могадишу. Етиопските сили влегоа во Сомалија во саботата по барање од привремената сомалиска влада во обид да бидат победени исламските милитанти кои контролираат поголем дел од земјата. Советот за безбедност на Обединетите Нации засега не успева да постигне договор за усвојување резолуција за итно запирање на непријателствата во Сомалија.
XS
SM
MD
LG