Достапни линкови

logo-print

Газа: Израелскиот премиер нареди продолжување на нападите врз палестинските оружени групи


Израелскиот премиер Ехуд Олмерт денеска нареди продолжување на нападите врз палестинските оружени групи кои од Појасот Газа истрелуваат ракети врз Израел. Во соопштението се додава дека израелската војската ќе реагира на локално ниво, но оти Ерусалим ќе продолжи да го почитува примирјето постигнато со палестинските власти. Наредбата за обновување на операциите дојде откако во синоќешниот ракетен напад на југот на Израел потешко биле ранети две момчиња.
XS
SM
MD
LG