Достапни линкови

Приштина: Исцрпени сите можности на преговорите за косовскиот статус


Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу синоќа во Приштина изјави дека биле исцрпени сите можности за продолжување на преговорите за косовскиот статус. ,,Нашиот пристап беше конструктивен, заснован врз меѓународни стандарди, а во некои случаи и повеќе од тоа,, изјави Сејдиу, по состанокот со командантот на КФОР германскиот генерал Роланд Катер. Тој пак, од своја страна изрази задоволство од безбедносната ситуација на Косово.
XS
SM
MD
LG