Достапни линкови

Огледало наместо фотка на насловната, личност на годината - Вие


Личност на годината: Вие. Деновиве магазинот Тајм за разлика од претходните години на насловната страница немаше слика на личноста која ја одбележа две илјади и шеста. На насловната имаше огледало на која можете да се огледате. Да личност на годината сте вие, порачува Тајмс, додавајќи дека вие ја контролирате информатичката ера. Па, добредојдовте во вашиот свет.

Теоријата за Големиот човек обично му се препишува на шкотскиот филозоф Томас Карлајл која сметаше дека историјата на човештвото не е ништо друго, туку биографија на големите луѓе. Тој веруваше дека станува збор за малкумина моќни и славни кои ја обликуваат нашата колективна судбина. Оваа теорија годинава претрпе сериозен удар. Впрочем постојат инвидуалци кои може да ги обвинуваме за многу болни и вознемирувачки работи кои се случија во две илјади и шеста. Конфликтот во Ирак е се покрвав, војна меѓу Израел и Либан, борби во Судан, Северна Кореа дојде до нуклеарна бомба. Во меѓувреме, никој не го поправи глобалното затоплување, а Сони не произведе доволно Плејстешн тројка. Но, ако на две илјади и шеста се погледа со инакви очила тогаш ќе прочитате друга приказна. Онаа што не е за конфликтите или за големите луѓе. Тоа е приказна за заедницата и нејзината соработка на ниво што не е видено досега. Тоа е приказна за вселенскиот преглед на знаењето познат како Википедија и за милионските мрежи Јутјуб и Мај спејс. Тоа е приказна за грабањето на моќта од малкуте, приказна за меѓусебното помагање и оти тоа не само што ќе го смени светот, туку ќе го смени и начинот на кој светот ќе се менува. А таа приказна ја овозможува интернетот преку кој милиони луѓе разменуваат идеи и мислења. Вие ќе можете да научите повеќе за тоа како американците живеат ако ги гледате нивните видео снимки на Јутјуб, отколку илјадници часови да гледате американски серии. Од друга, ние не само што гледаме, туку и работиме. Како луди. Видео снимки, песни, мајлови, блогови. Автомобилските компании веќе објавуваат отворен конкурс за дизајнот на нивните нови возила. Агенцијата Ројтерс, покрај вестите има и страница за блогови. Сведоци сме на експлозија на продуктивност и иновација. А се ова штотуку почна. Кои се тие луѓе? Сериозно, кој всушност по долгиот работен ден седнува и си вели: Вечерва нема да ги гледам Загубени. Ќе го вклучам компјутерот и ќе си снимам филм за моето куче? Ќе блогирам за моето размислување за државата или за новото кафуле под мојот стан. Одговорот е ВИЕ кои ги фативте уздите на глобалниот медиум со што формиравте и развивате нова дигитална демократија. Но, да не романтизираме повеќе од потребното. Интернетот е масовен социјален експеримент и како секој експримент може и да пропадне. Нема пат на мапата за тоа како овој организам може да живее во планетата која има над шест милијарди луѓе. Меѓутоа, две илјади и шеста ни понуди некои идеи. Една од нив е можноста за изградба на нов вид меѓународно разбирање, не политичар со политичар, голем човек со голем човек, туку граѓанин со граѓанин, личност со личност.
XS
SM
MD
LG