Достапни линкови

Проблем е нискиот стандард


Потрошувачката треска што пред почетокот на Новата година ги зафаќа граѓаните, се одразува и врз автомобилската индустрија. Сепак, тоа не го занемарува фактот дека куповната моќ на граѓаните е слаба, велат претставници на светски автомобилски брендови во земјава. Иако нема специјален новогодишен попуст од Порше Македонија велат дека генерално кај граѓаните постои интерес за купување на нов автомобил.

„Многу луѓе се обидуваат, а многу и успеваат да купат нов автомобил кон крајот на годината. Вкупниот пазар се проценува на околу 10,000 нови автомобили,“

изјави Златко Муцулски , генерален директор на Порше Македонија

Оттаму додаваат дека условите за купување на автомобил стануваат се подостапни за граѓаните, а поради големата конкуренција се намалуваат и месечните каматни стапки, доколку возилото се купи на рати. Според Снежана Арсова од автомобилската компанијата Кадис интересот на граѓаните за купување автомобил е поголем во овој период од годината.

„Зголемен интерес е за новогодишните празници. Имаме новогодишна кампања,“

изјави Арсова, додавајќи дека е многу мал бројот на граѓаните кои купуваат автомобил во готово. За сметка на тоа, велат од Кадис најпопуларен начин на купување автомобил во земјава е на лизинг. И граѓаните се поделени во своите ставови околу купувањето автомобил. Велат едно се желбите, а друго можностите.
За некои проблем е нискиот стандард, за други пак, превискоите цени на автомобилите кои се нудат.

„Ратите не се големи, но просечен човек со плата од 150-200 евра дека ќе собере 30% - 40% тешко.“
„Скапи се, нема пари.“


За тоа колкава е куповната моќ на граѓаните во земјава, најдобро зборува фактот што во Словенија која има приближно ист број на жители како Македонија се продаваат петпати повеќе автомобили, велат упатените во автомобилскиот бизнис.
XS
SM
MD
LG