Достапни линкови

Сомалија: Сомалиските владини трупи и етиопските сили напредувале на три фронта


Сомалиските владини трупи и етиопските сили напредувале на три фронта во Сомалија, додека, како што јавуваат агенциите, исламистичките сили биле во повлекување. Воени авиони на Етиопија вчера ги бомбардираа двата главни сомалиски аеродрома. Етиопскиот премиер Мелес Зенави соопшти дека испраќа трупи во Сомалија заради битка против терористите, заштита на интересите на Етиопија и подршка на меѓународно признатата влада на Сомалија.
XS
SM
MD
LG