Достапни линкови

Дискриминирање за домашните и досегашните странски инвеститори


Поделени мислењата за предлозите на владата со кои има намера да ги привлече странските инвеститори, при што со предлог законот за технолошко индустриски развојни зони или за инвеститорите предвидува ослободување од данокот на профит во траење од 10 години и ослободување од 50 проценти од персонален данок за првите пет години. Единствен услов за инвеститорите е 80 проценти од продажбата да се реализира преку извоз.

Некои стопанственици во земјава сметаат дека со овие услови домашните инвеститори, а и странските што инвестирале досега ке бидат дискриминарни

„Нема да се поттинке вработувањето, напротив ќе се поттикне развојот во некои соседни држави. Бизнисмените ќе извршат регистрирање фирми во соседни држави и со капитал оттаму ќе инвестираат. Сметам дека законот треба да има рамноправен однос кон сите кои ќе ги реинвестираат своите добивки“

вели стопанственикот Зоре Темелковски кој притоа посочува и пример

„Мојата компанија учествува со шведската влада во еден проект до зонатата Бунарџик и сега доколку го нема истиот третман мојот партнер од Шведска, не ја гледам ползата од законот. Да биде Џонсонс Контрол ослободен на само 500 метри подалеку од инвестицијата којашто малтене е иста како и Џонсон Контролс.“

Никола Ефтимов претседател на Сојузот на Стопански комори смета дека овие мерки на владата се дел од пакетот за привлекување на инвестициите и додадава дека се оправдани бидејки цел е да се привлечат компании со многу поголем капитал од оној на домашните

„Одредени големи странски инвестиции досега имаа и монополски третман. Доколку домашните инвеститори го немаат тој капацитет за кој се алудира со отворање на овие слободни зони.“

Експертите со забелешки за мерките на владата:

„Цело време велиме дека самиот по себе рамниот данок не е доволен да прилече инвеститори, но исто така и оваа мерка сама по себе не е доволна, затоа што се сведува на фискална мерка,“

изјави Абдулменаф Беџети професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово кој додава дека очигледно е оти од аспект на фискалните мерки нема резултати, бидејки Македонија е мал пазар.
XS
SM
MD
LG