Достапни линкови

Техеран: Иран смета дека резолуцијата на ОН е парче хартија


Шефот на иранскиот преговарачки тим Али Лариџани денеска изјави дека веднаш ке почнат со инсталирање на 3000 центрифуги во нуклеарниот капацитетет Натанц како одговор на резолуцијата за воведување на санкции што синојка ја изгласа Советот за безбедност на Обединетите Нации. Во мегувреме претседателот Махмуд Ахмадинеџад како што јавуваат агенциите ја нарекол резолуцијата парче хартија. Со неа се предвидува државите да спречат испорака или продажба на материјали кои може да му користат на Иран во неговата нуклеарна програма и се замрзнуваат средствата на клучните компании и лица, кои се поврзани со неа.
XS
SM
MD
LG