Достапни линкови

logo-print

Туркменистан: Илјадници луѓе му оддаваат последна почит на Сапармурат Нијазов


Илјадници луѓе се собраа денеска во главниот град на Туркменистан Ашгабат за да му одадат последна почит на починатиот претседател Сапармурат Нијазов. Неговото тело е изложено во претседателската палата, а на церемонијата присуствуваат и американскиот заменик државен секретар Ричард Бушер и рускиот премиер Михаил Фрадков. Нијазов кој што владееше 21 година ке биде погребан во семејната гробница во својот роден град Кипчак.
XS
SM
MD
LG