Достапни линкови

Малите малцински заедници бараат дополнителни права


Гласовите кои се потребни за да се реализира бадентеровото правило за да бидат усвоени некои законски проекти припадниците на малцинските заедници ке ги дадат ако им бидат исполнети неколку услови

„Нашите политички барања се пред се да се вратиме на прашањето за вметнување на одредба во изборниот законик за дополнителни места за претставниците на помалите етнички заедници, донесување уставен закон за припадниците на помалите етнички заедници и евентуална промена на законот за влада, односно воведување на ново министерство за човечки и малцински права,“

изјави Иван Стоиљковиќ од Демократскаат партија на Србите во Македонија. Тој посочува дека сите овие барања се во согласност со мегународните стандари, а голем дел од нив веке се реализирани во Србија, Хрватска, Романија и други. Доколку се исполнат овие барања припадниците на малцинските заедници во земјава сметаат дека ќе им се овозможи да ги реализираат своите права кои им се загарантирани со Уставот и законските акти.

„Овде не станува збор за некој притисок или дополнителна уцена за дополнителни права, туку станува збор за операционализација на уставно загарантираните права. Сега е историска шанса, затоа што таков е распоредот на силите во парламентот и нашите гласови се неопходни за законите за кои е потребно Бадинтерово мнозинство,“

вели Стоиљковиќ. Додека од владата сеуште нема одговор за барањата на припадниците на заедниците, тие имаат поддршка од партиите без разлика дали се дел од опозициската коалиција или од владеачката.

„Се она што оди во прилог на заштита на индивидуалните и колективните права на помалите заедници, јас како пратеник од ромската заедница би поддржал. Сметам дека со тоа се прави одбранбен механизам за помалите заедници кои не може да дојдат до израз со ваквиот модел,“

изјави Шабан Салиу од Сојузот на Ромите.
XS
SM
MD
LG