Достапни линкови

Туркменистан: Датумот за претседателските избори следната недела


Туркменистанскиот привремен претседател Гурбангули Бердимухамедов изјави дека датумот за претседателските избори ќе биде соопштен во наредната недела. Тој изрази очекување дека за околу 2 месеца ќе бидат одржани изборите на кои треба да биде изгласана личност која ќе го замени починатиот претседател Сапармурат Нијазов, кој беше на чело на Туркменистан од 1992 година. Европскта Унија го повика Туркменистан да ги примени меѓународните стандарди при оваа политичка транзиција.
XS
SM
MD
LG