Достапни линкови

Асшабад: Туркменистанската опозиција најавува враќање во земјата по смртта на претседателот Нијазов


Членови на туркменистанската опозиција во егзил најавуваат враќање во земјата, по смртта на претседателот Сапармурат Нијазов. Унијата на демократски сили на Туркменистан соопшти дека веќе го разгледувала враќањето во блиска иднина. Покојниот туркменистански претседател Нијазов, како што е соопштено, ќе биде закопан на 24 декември.
XS
SM
MD
LG