Достапни линкови

Вашингтон: ЕУ мора да биде единствена за Косово


,,Со руската тврда позиција и со Србија која, како и секогаш не попушта, единството на Европската Унија ќе биде од витално значење за процесот за решавање на конечниот косовски статус,,. Ова го оценува Меѓународната кризна група во извештајот во кој се наведува дека постои сериозна загриженост дека одлагањето на предлогот на Марти Ахтисари за по изборите во Србија кон крајот на идниот месец, нема да биде и последно. Меѓународната заедница мора на Ахтисари да му даде силна поддршка овој процес да го заврши во првата половина на наредната година, прецизира Меѓународната кризна група.
XS
SM
MD
LG