Достапни линкови

Одложена расправата за предлог декларациите за НАТО


Со цел уште еднаш да се потврди политичката волја и определба за членство на Македонија во НАТО идеја за усвојување на декларација во парламентот. Во текстот се вели дека Собранието ке ја реафирмира определбата за членство во Алијансата како витален интерес, се изразува задоволство поради испракањето на јасниот и недвосмислен сигнал дека на следниот самит во 2008, НАТО има намера да упати покани за членство до оние земји кои ке ги исполнат стандардите и се препорачува на владата да го забрза реализирањето на реформите и слично. Но, од Демократската унија за интеграција сметаат дека во ваква декларација треба да се вклучи и одредба со која како што велат ке се превземе обврска за легално прилагодување согласно со политичката воља и на заедниците кои не се мнозинство, а во функција на зацврстување на севкуппниот легитимитет на институциите. Од оваа партија сметаат дека една ваква одредба е потребна во овој документ и додаваат дека со тоа не се забавува македонското евроатлантско интегрирање:

„Не, не мислам дека се забавува. Тоа е впрочем и услов за Македонија, да ги почитува резултатите и да ја почитува волјата на мнозинството гласачи. Сметам дека Собранието треба да изгласа една декларација,“

изјави Џевад Адеми од ДУИ. Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ пак сметаат дека едно вакво барање не е потребно да се вклучи во оваа декларација

„Доколку колегите од ДУИ сакаат да разговараат за промена на општествено политичкиот систем, за промена на уставното уредуваењ на Република Македонија, има начин како тоа да се постигне и сметам дека во моментов во ваков документ нема место за вакви одредби,“

изјави Силвана Бонева. За барањето на ДУИ Билајан Ванковска од Институтот за мировни и одбрамбени студии вели

„Ова е еден обид да се протурка работа која ми се чини дека ДУИ и дел од албанската заедница, сега сфаќаат дека во рамковниот договор и уставните амандмани заборавиле да воведат, алинеја или став во кој експлицитно би стоело дека владите ќе бидат коалициони помеѓу победниците од двата еднички блока. Тоа е дел што е завршен. Што единствено може да се промени со уставна реформа и тоа реформа за која не знам колку во моментов има реално шанса да се спроведе, односно обезбеди дво третинско мнозинство.“
XS
SM
MD
LG