Достапни линкови

Образование, јазици, компјутери, но и неизбежните врски


Младите луѓе треба да бидат интелигентни, снаодливи, самоуверени и упорни кога бараат работа. Вака размислуваат дел од потенцијалните кандидати за одредено работно место. Според нив, особено е важно позбнавањето на повеќе странски јазици, како и поседување на компјутерските вештини.

„Треба да си интелигентен, да знаеш јазици, компјутери, да си снаодлив.“
„Комуникативност, способност за работа под притисок, важно е да знаеш што сакаш“


Од агенцијата Вработување ком, велат дека генерално се забележуваат промени на пазарот на трудот. Според Дарко Велков, сопственик на агенцијата Вработување ком. постојат вештини кои се многу поважни од поседувањето на соодветно високо образование.

„Секој млад човек мора да има одлични комуникациски вештини. Да се усовршува со секоја вештина. Јазици и компјутери. Многу повеќе ги ценат колеџите од странство, и тие деца веднаш наоѓаат работа.“

Според Велков, фирмите кои кај нив ги огласуваат слободните места, од потенцијалните кандидати најчесто бараат да бидат комуникативни со изразен лидерски дух и способност за тимско работење.

„Сакаат лидери. Сакаат лојални луѓе, едуцирани луѓе.“

Дел од младите за кои разговаравме на оваа тема велат дека дури и поседувањето на сите вештини кои се бараат од конкретното работно место, не се пресудни за добивање на посакуваната работа. Најважно е да имате луѓе кои ќе ви помогнат да ја добиете работата, велат тие.

„За да работите, требаат врски, ако немаш ништо, дипломата ништо не значи.“

Според последните податоци од Агенцијата за вработување на Република Македонија, во периодот од 1 јануари до 31 октомври оваа година биле остварени вкупно 123 417 вработувања, од кои дел на неопределено, а дел на определено време или сезонска работа.
XS
SM
MD
LG