Достапни линкови

Москва: Русија ја поддржува нацрт резолуцијата на ОН за санкции врз Иран


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјавил дека ја подржува нацрт резолуцијата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации за санкции врз Иран поради неговите нуклеарни активности, јави Интерфакс. Лавров претходно разговарал телефонски со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Русија која има блиски односи со Иран се противеше на претходните нацрти за притисок врз Техеран за ја запре програмата за збогатување на ураниумот. Рускиот амбасадор во Обединетите Нации Виталиј Чуркин се противеше на америакнскиот передлог за забрана за патувуање на ирански официјални лица и замрзнување на финансиите на ирански компании и индивидуалци поврзани со нуклеарната програма.
XS
SM
MD
LG